На аеродромот во Лондон слета транспортен воен авион со заштитна опрема од Турција.
Авионот донесе 84 тони заштитна опрема, која пристина во Велика Британија по неколку дена одложување.
Според дел од британските медиуми се уште не е познато колку опрема се наоѓа во авионот. Во товарот би требало да има околу 400.000 парчиња заштитна облека.
Турција неколку дена ја одложуваше пратката поради наводна контрола на квалитетот.
Турски претставници изјавија дека купувањето на опремата од турските фирми била отежната затоа што немало доволно резерви.