Свет 05. мај 2020. / 12:05

Во Украина три дена по ред се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19

Во Украина три дена по ред се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие во Украина се регистрирани нови 366 заразени со корона вирусот, што претставува намалување на бројките трет ден по ред.

Како што прецизира министерот за здравство Максим Степанов, меѓу новите заразени има 26 деца и 92 медицински работници.

Во Украина досега има вкупно 12.697 случаи на Ковид-19, меѓу кои 881 деца и 2.479 медицински работници. Оздравеле вкупно 1.875, а починале 316 луѓе.

Министерот соопшти и дека за 24 часа во Украина се извршени 5.307 Пи-Си-Ар тестови за корона вирусот.