Свет 31. декември 2020. / 10:16

Во Турција четиридневен полициски час

Во Турција четиридневен полициски час

Во Турција денеска стапува на сила општ четиридневен полициски час во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Полицискиот час ќе трае од денеска во 21 часот до 5 часот наутро на 4 јануари. Претходно, Анкара воведе целосно заклучување во текот на викендите и полициски час во текот на работните денови за спречување на инфекциите.