Претседателот на САД, Џозеф Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Тексас, што отвора можност за пренасочување на федерални фондови кон таа сојузна држава каде милиони луѓе, поради снежното невреме, немаат струја и вода.
Според Федералната агенција за управување со вонредни состојби речиси половина држава вчера немаше вода за пиење, а струја нема веќе неколку денови додека температурите се во минус. Повеќе од 20 лица ги загубија животите во студениот бран.
Тоа е исто така прва голема криза со која се соочува претседателот на САД во првиот месец од неговиот мандат.