Милиони Пакистанци по кампањата проследена со насилство и силна политичка спротивставеност се подготвуваат за гласање на општи избори в среда на кои главни протагонисти се клан на поранешиот премиер, ѕвезда на Крикет и партија на фамилија Буто.
Тоа што се случува во јужноазиската држава со речиси 200 милиони жители е важно бидејќи Пакистан е соперник на Индија во нуклеарното вооружување и тоа е една од најголемите држави во светот со мнозинско муслиманско население.
На пакистанските избори в среда ќе има голем број партии меѓу кои и оние што имаат поддршка од контраверзни клерици до оние на кои на чело се политичари од трета генерација.
Главни протагонисти на изборите се три групи предводени од поранешиот премиер Наваз Шариф, поранешниот претседател Асиф Али Зардари и спортската ѕвезда Имран Кан.
– Тие се јасни фаворити и сите останати ќе мора да се здружат со еден од нив тројца за можна коалициска Влада вели аналитичарот Ирфан Шехзад.
Фамилијата на Наваз Шариф беше дел од проблематичната пакистанска политичка историја во изминатите четири децении.
Шариф беше избран за пакистански премиер во три мандати. Двапати во текот на 90-тите и еднаш од 2013 до минатата година. Во сите три случаи беше приморан да замине од премиерската функција.
Моќната пакистанска армија двапати го понижи и затвори, а во 2000 година беше и протеран. Шариф и неговата ќерка Маријам Наваз сега се осудени за корупција во аферата Панама Пејпрс во 2016 година.
Поранешниот помлад брат Шехбаз Шариф кој двапати беше избран за главен министер на провинцијата Пенџаб сега води камања за иден премиер.
Партијата на Шариф, Муслиманска лига – Наваз според анкетите има блага предност пред партијата на Имран Кан, негов најблизок противник
Поранешната ѕвезда во крикет, Имран Кан кој го донесе Пакистан до победа на Светското првенство во 1992 година е вклучен во политиката на Пакистан повеќе од две децении. Кан меѓутоа не беше клучен играч се додека неговата партија Пакистанско движење за правда не победи на изборите во 2013 година.
Тој поднесе тужби до Врховниот суд против семејството Шариф по аферата Панамски документи и води кампања со нагласок дека „ја урнал најкорумпираната личност во историјата“.
Третиот голем протагонист на изборите е пакистанската Народна партија формирана во 60-те години од првиот демократски избран пакистански премиер Зулфикар Али Буто врз основа на воглавно социјалистичка програма.
Неговата ќерка Беназир Буто беше премиерка во 90-тие години и беше лидер за партија се до нејзиното убиство во 2008 година само неколку недели пред националните избори. Сега нејзиниот син Билавал Буто (30) води кампања за да ја оживее некогаш доминантната партија која беше тешко погодена од 2013 година.
Според аналитичари најверојатно никоја партија нема да може да формира национална влада освен ако не биде дел од некој сојуз.
Асиф Али Зардари влијателен поранешен заменик на претседателот на партијата беше прв избран претседател на држава кој го заврши својот мандат и тој по случајот Панамски документи гласно бараше оставка од неговиот долгогодишен политички ривал Шариф.
Во аферата тогашниот пакистанскиот премиер Наваз Шариф беше обвинет дека контролира офшор компании и преку адвокатска фирма крие пари во даночни оази.