Свет 11. јануари 2021. / 16:40

Во среда ќе се гласа за отповикување на Трамп во Претставничкиот дом

Во среда ќе се гласа за отповикување на Трамп во Претставничкиот дом

Претседателот на Комисја на Претставничкиот дом за правила на пратениците, Џим Мекговерн, изјави дека очекува в среда да се гласа за обвинителен акт и отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи оти ќе биде изгласано.

– Важно е да се дејствува и да се дејствува многу сериозно и со цел. Очекуваме (обвинителниот акт) да влезе на пленарна седница в среда. Исто така, очекувам да биде усвоен, изјави Мекговерн во интервју за Си-Ен-Ен.

Мекговерн додаде дека очекува републиканските конгресмени да се спротивстават на барањето за резолуција со која се бара потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман на Уставот на САД и да го тргне Трамп од власт.

Во тој случај, неговиот Комитет ќе изготви правило за доставување на овој предлог-закон за гласање, а потоа, 24 часа подоцна, ќе достави нова резолуција што се однесува на отповикувањето (импичмент).

– Тоа што овој претседател го направи е неморално и тој мора да одговара за тоа, нагласи Мекговерн.