Во Словенија, потврдени се 1.512 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, а 41 лице починале како резултат на Ковид-19, објави денеска словенечката влада, наведувајќи дека бројот на хоспитализации започнал значително да се намалува, односно опаѓа бројот на активни случаи.
Уделот на позитивни тестови меѓу 5.869 тестирања е 25,79 проценти, како и претходниот ден и сè уште има многу новозаразени, но владините претставници се охрабрени од фактот дека бројот на хоспитализирани лица постепено опаѓа.
Во моментов во болниците има 1.212 пациенти, што е за 17 помалку од претходниот ден, 207 во одделенија за интензивна нега, еден помалку од претходниот ден, посочија властите.
Бројот на починати на дневно ниво останува голем, така што со последните смртни случаи, вкупната бројка во Словенија сега се искачи на 2.274 починати од почетокот на епидемијата.
Режимот и епидемиолошките мерки за време на претстојните празници нема да бидат засилени до ново целосно заклучување, како што се најавуваше, но владата сè уште треба да одлучи за деталите во наредните денови.