Во Словачка се одржуваат парламентарни избори за Националниот совет (еднодомниот словачки Парламент).
Гласањето почна во седум часот и ќе заврши во 22 часот по локално време, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Во земјата се отворени 5.998 избирачки места.
Граѓаните можат да гласаат и преку Интернет, а оваа можност се користи главно од Словаците кои живеат во странство.
За 150 пратенички места се борат кандидати од 23 партии и една партиска коалиција. За да влезе во парламентот секоја политичка партија или коалиција треба да освои најмалку пет отсто од гласовите на избирачите.
Најголем број од гласачите, според социолошките истражувања, имаат намера својот глас да им го дадат на кандидатите од партијата „Правец – социјалдемократија“. Во последните осум години нејзините претставници раководат со непроменетата словачка Влада.
Конечните резултати од изборите се очекуваат во недела.