Свет 06. октомври 2019. / 14:50

Во Шпанија уапсени џихадисти кои подготвувале терористички напад

Во Шпанија уапсени џихадисти кои подготвувале терористички напад

Полицијата во Шпанија спречи терористички напад и уапси 23-годишен шпански државјанин кој е припадник на Исламската држава.

Како што пренесоа шпанските медиуми, полицијата во неговиот стан во близина на Мадрид пронајде хемикалии и упатства за правење експлозив.

Кај осомничениот е пронајден и список со мети за нападот како и панцир.