Свет 11. февруари 2020. / 09:07

Во Шпанија спасени од давење 119 мигранти, по 67 се уште се трага

Во Шпанија спасени од давење 119 мигранти, по 67 се уште се трага

Шпанија соопшти дека во Средоземното Море се спасени 119 мигранти, а како исчезнати се водат уште 67 лица.

Портпаролот на Агенцијата за спасување на морнарицата изјави дека потрагата е стопирана во текот на ноќта, и ќе продолжи во раните утрински часови.

Во два гумени чамци во Алборанското Море се пронејдени 60 и 59 мигранти кои ќе бидат пренесени во Малага. Меѓу нив има 26 жени и пет деца, а нивната здравствена состојба е добра.