Регионалната влада на Мадрид даде зелено светло за отворање старечки дом наменет за ЛГБТ лицата, кој ќе се финансира од јавни пари.
За таа намена одредена е една зграда во јужниот дл од градот, со капацитет од 66 легла и 30 дневни.
Хомосексуалните бракови во Шпанија се озаконети во 2005 година, но сепак геј луѓето се соочуваат со неприфаќање од заедницата.
За да се отвори овој специјален старечки дом заслужен е Федерико Арментерос, кој живеел во други старечки домови, но жителите го бркале од таму, затоа што го осудувале и не сакале да се дружат со него.
Сега се обидуваат домот да го отворат на 26 денември, симболичен датум, затоа што на тој ден 1979 година донесен е закон со кој се укинува можноста геј лицата да бидат затворани само заради нивната сексуална определба, што се спроведуваше за време на диктаторот Франциско Франко од 1939 до 1975 година.