Затворањето на границите, задолжителната изолација на граѓаните во многу земји, стопирањето на авиосообраќајот и генерално си мерки со цел да се спречи ширење на пандемијата на корона вирусот имаат огромно влијание врз нивото на миграција кон Шпанија. Барањара за азил во оваа земја дрстично се намалени, а има и многу помал број влегувања во земјата по копно и по море. Бројките за периодот од 16 до 22 март, што се совпаѓа со првата недела од прогласувањето вонредна состојба, се најмали во последните години.
Во овие седум дена, само 25 лица побарале азил во Шпанија, што е речиси 150 пати помалки од 3.685 забележани во претходната недела, како и од 4.200 во првата недела од март, покажуваат првичните бројки на Европската Канцеларија за помош и азил (ЕАСО).
Падот на ваквите бројки е присутен во сите членки на ЕУ, но во ниту една друга не е толку изразен како во Шпанија, земјата којашто имаше најголем број барања за азил (повеќе од 37.400) оваа година, пред Германија и Франција.
Истовремено, има пад и во бројот на нелегелни влезови, како во Шпанија, така и во Грција и во Италија. Од 16 до 22 март, само 83 лица успеале да влезат на шпанска територија, 70 преку море и 23 по копнен пат, покажуваат бројките на шпанското Министерство за внатрешни работи. Неделата претходно, тој број бил повеќе од 350.