Во последните 24 часа во Шпанија починале 430 луѓе.
Како што соопшти шпанското Министерство за здравство, вкупниот број на починати изнесува 21.282 лица.
Бројот на жртви од Ковид-19 и понатаму расте, но опаѓа бројот на новозаболени.
Во последните 24 часа потврдени се речиси 4.000 луѓе заразени со вирусот, со што вкупниот број се искачи на 204.178.
По бројот на заразени лица, Шпанија е на второто место во светот, веднаш зад САД.