Шпанија во последните 24 часа регистрираше 605 починати од Ковид-19, што претставува најмал број смртни случаи за еден ден од 24 март. Со тоа, вкупниот број жртви на корона вирусот достигна 15.843 лица.
Бројот на заболени повторно е намален под 5.000, а вкупниот број изнесува 157.022 лица.
Во последните 24 часа оздравеле 3.553 лица и сега вкупниот број изнесува 55.668, што претставу повеќе од една третина од бројот на заболените.