Свет 01. април 2020. / 12:24

Во Шпанија над 100.000 заболени од корона вирусот, петти ден по ред над 800 починати

Во Шпанија над 100.000 заболени од корона вирусот, петти ден по ред над 800 починати

Вкупниот број заболени од корона вирусот во Шпанија се искажи на 102.136 лица, велат податоците на Министерството за здравство. Со тоа, Шпанија стана третата држава во светот, по САД и Италија, во која се регистрирани над 100.000 заболени.

Притоа, заразата се уште не забавува, како во Италија. За последните 24 часа има 7.719 нови случаи, што сепак е помалку од претходните регистрирани повеќе од 9.000.

Бројот на починати за 24 часа одново е со црн рекорд и изнесува 849 лица. Ова е петти ден по ред со повеќе од 800 смртни случаи во државата, во која вкупниот број починати достигна 9.053 лица.

Бројот на лица, кои побарале хоспитализација е над 51.000 од кои 5.900 биле примени на одделенијата за интензивна нега. И во овој податок шпанските меиуми гледаат позитивен сигнал, зашто порастот на новопримените заболени е едвај 5%, наспроти двоцифрените вредности во последните денови.

Меѓутоа, брзо расте и бројот на излекувани пациенти, кој стигна до 22.600 лица. Тоа значи над 3.000 излекувани за 24 часа.