Свет 03. август 2020. / 21:40

Во Шпанија 98,6 отсто помалку туристи во однос на минатата година

Во Шпанија 98,6 отсто помалку туристи  во однос на минатата година

Туристичките аранжмани во Шпанија во јуни бележат пад за 98,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.

Просечната должина на престојот во Шпанија е намалена за еден ден и сега изнесува 5,7 дена, а странските туристи во јуни потрошиле само 133 милиони евра, пренесува Политико.

Шпанија е една од земјите најпогодени од „Ковид-19“ кризата и беше под ограничувања од средината на март до средината на јуни.

Оттогаш, се регистрирани голем број локални затворања во делови од Каталонија и Галиција, а од недела, околу 11.000 жители на градовите Искар и Педрехас де Сан Естебан веќе две недели се во карантин.

Туризмот учествува со 14 проценти од бруто домашниот производ на Шпанија и имаше надеж дека секторот ќе се опорави со укинување на ограничувањата, но податоците покажуваат дека набавките со странски кредитни картички паднале за 50 проценти, во однос на јули 2019 година.

Шпанија е исто така под рестрикции на другите земји, така што минатиот месец премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, одлучи да ја стави земјата на списокот на земји за кои двонеделниот карантин е задолжителн по враќањето на Британците дома.

Ситуацијата нема да се подобри ниту во август, бидејќи само четвртина од лиценцираните хотели се отворени, околу 4500 од 16.000.