Директорка на руската Федерална служба за надзор заштита и благосостојба на потрошувачите, Ана Попова, изјави дека околу половина од заразените со корона вирусот во Русија немаат никакви симптоми.
Пред две недели процентот на луѓе на кои им беше дијагностициран корона вирусот, но беа без никакви симптоми достигна 10 до 12 проценти, а најголемиот процент беше 20 отсто. Во последните денови, процентот на тие луѓе се зголеми на 45 до 50 отсто – информира Попова на прес-конференција.
Во Русија се потврдени 32.008 случаи на корона вирусот, од кои 273 луѓе починале, а 2.590 се излечени.