Свет 10. јануари 2021. / 20:01

Во Русија се појави првиот случај на мутираната верзија на коронавирус

Во Русија се појави првиот случај на мутираната верзија на коронавирус

Во Русија е откриен првиот случај на забоелн со коронавирус, но со мутираната верзија која беше забележана во Британија, соопшти денеска Ама Попова, директорка на руското тело за здравствен надзор.

Се работи за руски државјанин кој се вратил од Велика Британија, пренесе Риа новости.

Агенцијата потсетува дека Русија минатиот месец ги суспендира летовите за Велика Британија, откако во таа земја беше откриен новиот сој на коронавирусот.