Руската вицепремиерка, Татјана Голикова, соопшти дека во Русија во моментов се работи на тестирање на 47 вакцини против корона вирусот.
Откривањето на инфекции со корона вирус е важен аспект на овие активности. На 14 платформи се работи на вкупно 47 вакцини. Очекуваме некои да дадат опипливи резултати – изјави Голикова пред Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент.
Околу 43 милиони американски долари од федералниот буџет се наменети за развој на систем за тестирање на коронавирус и вакцини.
Директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург, претходно најави дека вакцината против корона вирусот во Русија би можела да биде регистрирана во август.
Тој онјасни дека предклиничките испитувања треба да траат уште еден месец. Тие истражувања треба да ја утврдат токсичноста и реактивноста на вакцината, како и нејзините други својства, врз основа на кои може да се почне со тестирање на луѓе.