Свет 15. јули 2020. / 13:47

Во Русија над 6.400 новозаразени со корона вирус

Во Русија над 6.400 новозаразени со корона вирус

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 6.422 нови случаи на корона вирус, со што вкупниот број на заразени достигна 746.369.

Според податоците на Кризниот центар за борба против Ковид-19, во изминатите девет дена дневниот раст на заразените не надминувал 0,9 проценти.

Во Москва се пријавени 628 нови случаи на Ковид-19, а 264 позитивни се пријавени во Санкт Петербург.

Во моментов во Русија од Ковид-19 се лекуваат 211.350 лица. Бројот на пациенти со корона вирус испишани од болниците се искачи на 10.424. Според кризниот центар, досега се оздравеле вкупно 532.249 лица.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку од вчера, кога бројот беше 175.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Русија изнесува 11.770.