Во северниот дел на Русија, масовно се купува јод поради радијацијата како резултат на несреќата со воената ракета, јавуваат руските медиуми. Јодот може да спречи навлегување на радиоактивен јод во тироидната жлезда, но апчињата исто така може да предизвикаат здравствени проблеми.
Новиот сајт на регионот Архангелск „29.ru“ објави дека апчиња со јод веќе нема во аптеките во овој град.
Две лица загинаа, а тројца се повредени во несреќа што се случи минатата недела. Министерството за одбрана соопшти дека експлодирал мотор на ракета со течно гориво, иако не е прецизирано за кој систем станува збор.
Официјални лица велат дека нивото на радијација околу 40 минути било повисоко од дозволеното во близина на воениот полигон во Нионокс, но потоа се вратило во нормала.