Свет 16. април 2020. / 11:45

Во Русија има речиси 28.000 луѓе заразени со корона вирусот

Во Русија има речиси 28.000 луѓе заразени со корона вирусот

Во последните 24 часа во Русија се потврдени нови 3.448 луѓе заразени со корона вирусот, со што вкупниот број на позитивни се зголеми на 27.938 заразени. Од нив 34 лица починале од болеста.

Во споредба со претходниот ден и бројот на болните и починатите благо се зголемуваат, соопшти кризниот штаб.

Пациенти има во 84 руски региони, а најмногу заразени има во Москва, каде што се разболеле вкупно 16.146 луѓе.

Досега од вирусот закрепнале вкупно 2.304 луѓе.