Свет 20. март 2020. / 13:04

Во Русија има деветмина излечени од корона вирусот

Во Русија има деветмина излечени од корона вирусот

Бројот на излекувани од корона вирусот во Русија се зголеми на девет, соопштуваат од руското Министерство за здравство.

Податокот не ги вклучува тројцата коишто биле евекуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“, а кои, исто така, се отпуштени од болница.

Во Русија во моментов има 199 регистрирани болни од корона вирусот. Како што навеуваат руските медиуми, повеќето пациенти покажувале слаби симптоми на болеста.