Свет 04. април 2020. / 23:47

Во Русија има 235 деца заразени со корона вирусот

Во Русија има 235 деца заразени со корона вирусот

Руската докторка Ана Попова, изјави дека во Русија има 235 деца заразени со корона вирусот.

Сепка, како што појаснува Попова, ниту едно дете не е во сериозна состојба.

– Од тие 235 случаи, 17 имаат пневмонија. За среќа, меѓу нив нема критично болни деца, но 41 дете имало благи и умерени симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција – изјави Попова.

Таа информира дека секој ден во Русија за Ковид-19 се тестираат меѓу 34.000 и 37.000 луѓе и оти бројот на тестирања ќе се зголеми.

Во Русија досега има забележано 4.731 заразен и 43 починати од вирусот Ковид-19.