Три трговски центри во рускиот град Самара, каде што се играат натпревари од Светското првенство се евакуирани по претходни дојави за бомби, пишуваат локалните медиуми. Службите за итни случаи со кучиња трагачи ги истражиле трговските центри, но не пронашле ништо опасно.
Самара беше домаќин на четири натпревари од групната фаза, а таму планирани се натпревари и од осминафиналната и четвртфиналната фаза. Полицијата примила дојави за бомби и во Ростов на Дон, каде што исто така се играат натпревари од Светското првенство. Поради дојавите евакуирани биле неколку барови и ресторани. Од полицијата соопштија дека извршиле темелни проверки, но не пронашле ништо.