Свет 30. ноември 2018. / 17:43

Во пожар загинаа мајка и нејзините четири деца

Во пожар загинаа мајка и нејзините четири деца

Четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.

Како што соопшти локалната противпожарна служба, пожарот избувнал околу три часот утрово и набрзо ја зафатил целата куќа.

Жртвите се 28-годишна жена и нејзините деца на возраст од пет до девет години, кои живееле во куќата.

Причините за пожарот засега не се познати.