Свет 07. октомври 2018. / 18:45

Во Полска објавена листа на 255 жртви на сексуални злоставувања од свештеници педофили

Во Полска објавена листа на 255 жртви на сексуални злоставувања од свештеници педофили

Приватна фондација во Полска објави список со 255 случаи на сексуално злоставување на деца, од страна на католички свештеници, што е најново во низата на притисоци врз полската црква да преземе одговорност.

Фондацијата која ги претставува жртвите на злоставувања, а која ја поддржуваат некои од пратениците, денеска објавила на својот сајт графички приказ на документирани случаи во кои свештеници низ Полска сексуално злоставувале 255 малолетници, пренесе АП.