Свет 21. јуни 2018. / 18:43

Во подготовка е самитот Трамп-Путин

Во подготовка е самитот Трамп-Путин

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин, според официјални лица од Белата куќа.

Медиумите јавуваат дека средбата треба да се одржи следниот месец за време на посетата на Трамп во Европа. Двајцата лидери може да се сретнат пред самитот на НАТО во Брисел 11-12-ти јули, или по посетата на претседателот Трамп во Лондон, два дена подоцна. Портпаролот на советникот за национална безбедност рече дека Џон Болтон по средбата со колегите во Лондон и Рим патува за Москва, на детали за евентуална средба меѓу претседателите Путин и Трамп.

Портпаролот на Путин, Димитри Пешков потврди дека Болтон ќе ја посети Русија следната недела на дискусии за евентуалниот самит. Локацијата се ` уште не е утврдена, додека некои медиуми јавија дека таа може да се оддржи во некоја од европски престолнини по завршувањето на самитот на НАТО или во Виена.