Свет 01. јули 2018. / 17:14

Во Москва вооружен маж држи како заложник продавач

Во Москва вооружен маж држи како заложник продавач

Вооружен маж држи како заложник продавач од маркет во Москва, пренесуваат руските медиуми.

Мажот бил вооружен со нож , пренесуваат медиумите повикувајќи се на изјави на очевидци на настанот.

Едно московско радио пренесе дека вооружениот маж први ги нападнал купувачите а потоа го фатил продавачот.

Според непотврдени информации една жена е ранета а напаѓачот не дозволил лекар да влезе во продавницата , која е опколена од силни полициски сили.