Свет 26. март 2020. / 13:06

Во Москва се затвораат сите продавници јавни места, освен оние за продажба на храна и аптеките

Во Москва се затвораат сите продавници јавни места, освен оние за продажба на храна и аптеките

Сите продавници во Москва, освен оние кои продаваат храна, пекарниците и аптеките, ќе бидат затворени од 28 март до 5 април, соопшти градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.

Со Уредбата се опфатени сите ресторани и кафулиња, но и јавните места и паркови, како што е паркот Горки. Затворени ќе бидат и салоните за убавина, како и сауните, бањите и салоните за масажа.

Мора привремено да го забраниме работењето на сите служби што подразбираат лично присуство. Овие мерки не вклучуваат медицински и служби за рехабилитација, банки и осигурителни компании, комуникации и погребни услуги – напиша Собјанин на својот блог.

Собјанин цели дека е свесен оти овие мерки ќе го отежнат секојдневниот живот во Москва, но дека тие се неопходни за да се забави ширењето на корона вирусот.

Во Москва има 546 луѓе заразени со вирусот Ковид-19, од кои 136 се потврдени во последните 24 часа. Вкупниот број на заразени пациенти во Русија е 840.