Свет 23. август 2018. / 12:45

Во Мексико запленети 10 тони синтетичка дрога

Во Мексико запленети 10 тони синтетичка дрога

Мексиканската морнарица запленила 10 тони синтетички дроги во западниот дел на земјата, во близина на градот Куликан.

Дрогата била пронајдена во големи кеси и пластични буриња.

Оваа област е позната по трговијата со дрога, објави АП, истакнувајќи дека во западниот дел на Мексико се произведува метамфетамин во големи количини.

Минатата недела, во западната држава Синалоа беше пронајдена лабораторија за производство на синтетички дроги.