Свет 24. јануари 2020. / 12:41

Во Мексико и наркокартелите и безбедносните сили регрутираат деца

Во Мексико и наркокартелите и безбедносните сили регрутираат деца

Во Мексико во тек е расправа околу употребата на деца во вооружени судири, а групите за заштита на човекови права укажуваат дека таквата пракса не само што ја загрозува безбедноста на децата, туку и нивното ментално здравје.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека со оглед на тоа што социјалните програми им даваат на младите повеќе можности да учат или да работат, наркокартелите имаат проблеми со наоѓање луѓе, па затоа почнуваат да регрутираат деца.

– Бандите имаат проблем да најдат„ војници“, така што регрутираат деца и млади кои ги вооружуваат – изјави Лопез Обрадор.

Сепак, обвинувања за регрутирање малолетни деца има и до безбедносните служби, за кои се веи дека деца од осум години „се регрутираат за вооружени одбранбени патроли“.

Ова прашање беше покренато кога група граѓани од јужно Мексико јавно прикажа деветнаесет вооружени и маскирани деца, кои биле регрутирани како „полиција“ која ја чува таа заедница од наркобанди.