Свет 10. април 2018. / 10:43

Во мaj ќе се сретнат Доналд Трамп и Ким Џонг-ун?

Во мaj ќе се сретнат Доналд Трамп и Ким Џонг-ун?

Севернокорејската државна агенција КЦНА наведува дека по повеќемесечни тензии и закани за војна поради нуклеарното оружје помеѓу САД и Северна Кореја, кон крајот на мај би можела да се одржи средбата на двајцата претседатели. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно ја потврди можноста од одржување на средбата.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун претседаваше со партискиот состанок на кој првпат официјално проговори за разговорите со САД.

Ким Џонг-ун вчера ги претставил извештаите за состојбата на Корејскиот полуостров пред високите претставници на неговата партија, која е единствена во оваа комунистичка земја.