Шумски пожар во северна Калифорнија принуди стотици луѓе да се евакуираат од околните населби, a гувернерот прогласи вонредна состојба.
Пожарот „Кламатон“ избувна во четвртокот, а за само неколку часа за пет пати ги проширил своите размери, на површина од 2 023 хектари, соопшти калифорниското Министерството за шуми и заштита од пожари, а пренесе „Ројтерс“.
Засега е непознат бројот на градби и објекти уништени од пожарот, пренесоа локалните медиуми.
Ова е само еден од повеќе од 30 шумски пожари во Калифорнија и низ САД, а голема пречка во борбата на пожарникарите со огнената стихија се високите температури, ниската влажност и непредвидливите ветришта.