Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија, бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.Јапонците го имаат дури и терминот „инемури”, што значи „присутен додека спие”, пишува Дејли мејл.
Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.
Меѓутоа, за „инемури” важат одредени правила.
Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа – вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.
Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на „инемури” бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент.