Свет 06. мај 2020. / 16:13

Во Италија паѓа популарноста на Матео Салвини, расте довербата во премиерот Џузепе Конте

Во Италија паѓа популарноста на Матео Салвини, расте довербата во премиерот Џузепе Конте

Двомесечната епидемија на корона вирусот во Италија предизвика пад на популарноста на контроверзниот десничарски политичар Матео Салвини, покажуваат анкетите. Во меѓувреме, популарноста на премиерот Џузепе Конте е на добар пат да се зголеми.

Партијата на Салвини, „Лига“, ја поддржуваат помалку од 25 проценти од испитаниците, што претставува намалување од претходните 34,3 проценти што ги освои на европските избори пред една година, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Икс.

Што се однесува до партиите на владејачката коалиција, Демократската партија на Левиот центар е поддржана од 22,9 проценти од граѓаните, популистичкото движење „Пет ѕвезди“ има 16,8 проценти, а „Италијанските браќа“, уште една екстремно десничарска партија, има поддршка од 13,8 проценти од избирачите.

На минатонеделните анкети, „Лиг“а беше поддржана во просек од 27,2 проценти од испитаниците, намалку од јуни 2018 година.

Истовремено, поддршката за премиерот Џузепе Конте се зголеми на 58 проценти од 35 проценти во средината на февруари, пред избувнувањето на пандемијата.

Во време на криза, рејтингот на владите се зголемува поради тоа што аналитичарите го нарекуваат „национална хомогенизација“.

Италија во понедлникот почна со постепено олеснување на мерките. Во земјата, повеќе од 29.000 луѓе починаа од Ковид-19, а заразени се околу 213.000 лица.