Свет 11. септември 2018. / 22:11

Во Италија, Германија и Албанија уапсени нарко шверцери

Во Италија, Германија и Албанија уапсени нарко шверцери

Во голема заедничка акција на италијанската, германската и албанската полиција против недозволена трговија со дрога, уапсени се 20 лица, членови на две криминални групи шверцери на дрога.

Меѓу уапсените лица се 17 државјани на Албанија, еден италијански државјанин со албанско потекло, еден Косовец и еден Пакистанец.

Во акцијата се запленети 120 килограми кокаин, хероин и марихуана, чија вредност на пазарот е проценета на 20 милиони евра.