Свет 29. октомври 2020. / 10:43

Во Индија бројот на заболени надмина 8 милиони

Во Индија бројот на заболени надмина 8 милиони

Индија денеска со регистрира нови 49.881 заболени од коронавирус надмина осум милиони случаи, покажуваат податоците од Министерството за здравство.

И натаму Индија се наоѓа на второто место во светот по бројот на заболени, зад САД каде има 8,8 милиони позитивни случаи.

Во последните 24 часа во Индија регистирани се 517 смртни случаи, со што вкупниот број на починати се 120.527 лица.