Свет 08. ноември 2019. / 16:44

Во големите шумски пожари во Австралија настрадале 350 коали

Во големите шумски пожари во Австралија настрадале 350 коали

Стотици луѓе од неколку градови во Австралија добиле наредба да ги напуштат своите домови во рамки на евакуацијата поради големиот број шумски пожари. Освен опасноста за населениет места, огнената стихија предизвика огромни штети на животинскиот свет во зафатеното подрачје, каде што настрадала половина од популацијата на коали.

Околу 350 од коали настрадале во пожарот во резерватот во градот Макуори во кој живееја 500 до 600 коали. Раниот почеток на сезоната на пожари предизвика пожари во природниот резерват Лејк Инес во кој настрадале две третини од живеалиштата на коали.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс издала предупредување за 17 пожари поради кои препораќала итна евакуација на населението кон побезбедни локации. Како што информираат надлежните, ова е една од најлошите сезони на шумски пожари во Австралија.


Силниот ветер и температурата на воздухот од 35 степени Целзиусови дополнително ги засилуваат пожарите, од кои најголемиот број избија во подрачја зафатени од суша. Во борба со пожарите ангажирани се повеќе илјада пожарникари и 70 авиони.

Годинава, шумските пожари почнаа да се појавуваат уште во октомври кога загина и еден повозрасен пар.