Свет 19. август 2019. / 23:11

Во Германија ветер корнеше дрвја и далекуводи

Во Германија ветер корнеше дрвја и далекуводи

Поради силната бура кој коренеше дрвја и далекуводи во јужните и централните делови од Германија во прекин е железничкиот и патниот сообраќај. Операторот на германските железници Дојче Бан соопшти дека се одложени повеќе од 10 меѓуградски возови, вклучувајќи ги и оние за Швајцарија и Франција.

Поради лошото време, од аеродромот во Франкфурт синоќа се откажани 41 лет, додека 8 авиони се пренасочени. Неколку луѓе се повредени во Офенбах, каде силниот ветер носеше делови од фасади.