Во близина на германскиот град Улма во неделата е убиено 17-годишно момче од Хрватска, Леон К., објави „Феникс Магазин“.
Според информациите од германските медиуми, тој заедно со друго 16-годишно момче му помагале на пијано момче да излезе од ресторан, при што пијаниот (20-годишен) го избодел со нож. Полицијата соопштила дека на местото многу брзо дошла екипа на брзата помош, но момчето починало.
Дваесетгодишникот, кој се сомничи за убиство, во крвта имал повеќе од 3 промили алкохол, а оружјето со кое било извршено убиството, се уште не е најдено.
Како што пишуваат германските медиуми, осомничениот за убиството бил најдобар пријател на братот на убиениот.