Свет 08. август 2020. / 15:19

Во Германија стапува во сила задолжително тестирање за сите кои се враќаат од ризични зони

Во Германија стапува во сила задолжително тестирање за сите кои се враќаат од ризични зони

Тестот за коронавирусот од денеска е задолжителен за сите луѓе кои влегуваат во Германија од високоризични региони, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Одлуката беше донесена откако 1.045 нови случаи на коронавирус беа регистрирани во Германија, што беше прв дневен скок над 1.000 новозаразени лица за еден ден во последните три месеци.

Од минатата сабота се спроведува бесплатен тест за сите меѓународни патници кои пристигнуваат во државата.

Шпан верува дека зголемувањето на бројот на заразени лица се должи на патниците кои се враќале од странство и непочитување на физичката дистанца.