Свет 03. август 2018. / 12:22

Во Германија секој четврти жител е странец

Во Германија секој четврти жител е странец

Во Германија живеат околу 20 милиони луѓе со мигрантско потекло, што е раст за 4,4 отсто , според една нова студија на германскиот Институт за статистика.

Околу половина од овие луѓе веќе имаат германски пасош.

Скоро секој четврти граѓанин на Германија не е роден во таа земја, или неговите родители се од странство.

Главната причина за силниот раст на мигрантите е во тоа што веќе подолго време стапката на имиграција е повисока од онаа на САД, која важи за имигрантска земја.

Исто така важна причина е и намалувањето на населението без мигрантско потекло за половина милион годишно.

Според статистичките податоци од Визбејн, 51 отсто од луѓето со мигрантско потекло имаат германски пасош или двојно државјанство, додека останатите се странци.
Ова истражување, исто така, покажа дека 2,5 милиони граѓани во Германија претежно зборуваат странски јазик.

Најшироко користени јазици се турски, руски, полски и арапски јазик.