Свет 18. јануари 2021. / 10:50

Во Германија откриена нова, непозната мутација на коронавирусот

Во Германија откриена нова, непозната мутација на коронавирусот

На клиника во Гармиш-Партенкирхен, според пишувањата на германските медиуми, пронајден е нов, досега непознат сој на коронавирус.

Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и вработени се позитивни на коронавирус.

„Курир“ од Минхен пишува дека кај три од нив е пронајден непознат вид на коронавирус.

Лаборантите во клиниката откриле неправилности во примероците, со помош на специјални лабораториски уред.

Примероците веднаш се испратени во Берлин, каде што деталната анализа потврдила дека се работи за нов вид на коронавирусот. Не е јасно која карактеристика има сега мутираниот вид кој сега е откриен во Германија.

Од Клиниката во Гармиш-Партекирхен истакнуваат дека е нормално вирусот да мутира, и потсетуваат дека ширум Светот повеќе од 12.000 промени во вирусот.