Свет 05. февруари 2021. / 12:51

Во Германија истрага против лекар кој украл вакцина за тешко болна сопруга

Во Германија истрага против лекар кој украл вакцина за тешко болна сопруга

Полицијата во Германија води истрага против лекар кој украл доза вакцина против Ковид-19 од центар за вакцинација, а станува збор за 69-годишен лекар во пензија кој бил ангажиран за вакцинација.

Осомничен е дека украл доза од вакцината, но не за себе, туку за сопругата за која рекол дека е тешко болна.

Докторот ја ставил дозата на вакцината во шприц, ја извадил од салата каде што се вршела вакцинација и и ја дал на сопругата. Кражбата веднаш била забележана и лекарот бил отпуштен.

Инцидентот се случил на 18 јануари, но сега е објавен во јавноста, објави весникот „Билд“