Свет 18. септември 2019. / 11:23

Во Франција шест нуклеарни реактори кои се во функција имаат фабрички проблеми

Во Франција шест нуклеарни реактори кои се во функција имаат фабрички проблеми

Француската компанија за прозводство на електрична енергија –ЕДФ денес објави дека 6 нуклеарни реактори кои се во функција имаат фабрички проблеми на некои компоненти откриени при контролите минатата недела, но притоа се вели дека тие можат и понатаму да функционираат, јавува дописникот на МИА.

Во оваа фаза на техничкото испитување за овие компоненти, ЕДФ смета дека забележаните разлики не го доведуваат во прашање користењето на опремата и не бараат итен третман, се вели во соопштението на групата, додавајќи дека тоа се однесува и за опремата за идниот реактор на Фламанвил (во Ла Манш).

Како и да е, надлежниот орган за нуклеарна безбедност (АСН) на Франција ќе ги испита безбедносните елементи што ги обезбедуваат ЕДФ и Фраматом. АСН планира да се изјасни за помалку од еден месец, со можност за „преземање мерки на претпазливост, а ако е потребно и да се исклучат реакторите“.

Сè уште чекаме дополнителни елементи. Потоа, ќе има анализа, со поддршка на нашата техничка рака ИРСН (Институт за заштита од зрачење и нуклеарна безбедност).Затоа ќе биде неопходно да се проверат демонстрациите за безбедност со симулирани податоци за намалување на механичките карактеристики и зголемени преостанати стресови на заварувањата на реакторите, се вели од надлежните власти.