Бројот на пациенти заразени со корона вирус, коишто се ставени на интензивна нега во Франција, за 24 часа се искачи од 371 на 384.
Како што соопштија француските здравствени власти, тоа е вторпат во изминатите седум дена таа цифра да се зголеми, откако во претходните 16 недели имаше намалување.
Затоа, пак, бројот на пациенти во француските болници се намалил од 5.298 на 5.198.
Француските власти исто така објавија дека во текот на викендот починале уште 29 лица, со што бројот на смртни случаи достигна 30.249.