Во градското собрание во градот Дре, кој се наоѓа на околу 70 километри од Париз, непознат напаѓач отвори оган и рани еден службеник, по што изврши самоубиство.
Според првичните информации, францускиот службеник е сериозно повреден и е во животна опасност.
Медиумите објавија дека напаѓачот вооружен со ловечка пушка влегол во собранието околу 10 часот, по што отворил оган и го застрелал службеникот.