Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на епидемијата со Ковид-19.
Иако ова е најнискиот број на смртни случаи од почетокот на април, сепак, вкупниот број од 1 март достигна 26.271.
Притисокот врз здравствениот систем и особено врз одделенијата за реанимација продолжува да се намалува. Така, бројот на тешки случаи, кои се на интензивна нега изнесува 2.812, додека 22.614 лица се на болничко лекување со дијагноза на Ковид-19.