Француските здравствени власти го преставија најновиот биланс на смртните случаи предизвикани од епидемијата на Ковид-19. За само 24 часа забележани се 339 нови жртви, со што вкупниот број достигна 24.376.
Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 26 283 лица, од кои 4019 се на интензивна нега.
Инаку од 1 март болничко лекување користеле 91.600 заразени од корона вирусот, а 16.000 имале потреба од интензивна нега, од вкупно 129.481 официјално потврдени случаи на заразени со Ковид-19, од кои како излекувани се сметаат 50.000 лица